Палестинските затвореници во израелските затвори штрајкуваат со глад

Израел денеска потврди дека над 230 палестински затвореници во израелските затвори штрајкуваат со глад. Штрајкот трае една недела. Причина за штрајкот е политиката на самица и лошите животни услови во затворот јавува новинската агенција Франс прес. Надлежните израелски институции соопштија дека ситуацијата е под контрола. Според палестинските власти во изралеските затвори има околу 6 илјади палестински затвореници.