Либискиот нафтен сектор ќе закрепне целосно за 15 месеци

Шефот на Националната нафтена коорпoрација во Либија Нури Беруиен изјави дека тековнoто прозводство на нафта на земјата изнесува околу 25 проценти од претходното ниво пред почетокот на протестите. Тој додаде дека целосно закрепнување на овој сектор може да се очекува за 15 месеци. Беруиен во интервју за новинската агенција Асошиетед пресс истакна дека привремената влада ќе ги почитува постоечките нафтени договори, но новата влада која ќе дојде по оваа ќе одлучува дали ќе прави нови договори или ќе издава нови лиценци.