Партијата на Мубарак сака да се кандидира на изборите

Синовите на Хосни Мубарак

Членовите на поранешната владечка партија на Хосни Мубарак синоќа побараа да им се дозволи да се кандидираат на престојните избори.
Активистите кои учествуваат во протестите со кои беше соборен Мубарак почнаа кампања за забрана на сите членови од стариот режим да се кандидарат за јавни функции.
Во саботата на митинг членовите на Националната демократска партија соопштија дека сакаат да се кандидираат на престојните избори затоа што, како што велат, револуцијата имаше цел да придонесе за демократија и слобода а не замена на еден режим со друг во кој се исклучуваат едни партии а се промовираат други.
Војската која е привремена власт по соборувањето на Мубарак подготвува измени во закон со кои се предвидуваат кази затвор за кандидатите кои ќе користат религиозни слогани во изборната кампања, или мито и насилство за да освојат повеќе гласови.