СДСМ: Има пропусти во предлог-законот за станбени кредити

СДСМ смета дека Предлог-законот за субвенционирање на станбени кредити, кој е во собраниска процедура, има одредени пропусти и аномалии и не предвидува колку средства од државниот буџет ќе бидат потребни за негово спроведување.Пратеникот Марјанчо Николов денеска изјави дека предлогот остава можност банките да ја зголемат каматата после истекот на првите три години од станбениот кредит, и тоа за цели 10 отсто, што би ги направило овие кредити поскапи од оние кои граѓаните можат да ги земат и сега во редовна процедура.