Сирија му се закани на светот

Сирија денеска предупреди дека ќе преземе остри мерки против секоја држава која ќе го признае Националниот совет што го формираа противниците на претседателот Башар Ал Асад, изјави денеска министерот за надворешни работи Валид Ал Муален. Неодамна опозицијата во Истамбул го формиреше Националниот совет кој подготвува стратегија за соборување на Асад од власт.