Саркози и Меркел ќе разговараат за должничката криза

Францускиот претседател Никола Саркози денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Тема на нивните разговори ќе биде должнилката криза во еврозоната и прашањето како да се добијат повеќе пари за банките во еврозоната. Париз сака да се искористи спасувачкиот фонд од 440 милијарди евра за да се изврши обнова на капиталот во банките додека Берлин инсистира на тоа дека фондот треба да се користи како последна опција.