Јеменскиот претседател ќе се повлече од фунцијата

Јеменскиот престедател Али Абдула Салех изјави денеска дека во следниве неколку денови ќе се повлече од функцијата. Салех тоа го соопшти во својот говор кој го објави државната телевизија. Ова не е прв пат Салех да изрази подготвеност за да се повлече среде протести.
Во изминативе 9 месеци Јемен е парализиран од протестите против неговото владеење. Салех беше и под меѓународен притисок да поднесе оставка по 33 години поминати на власт и да дозволи да се оддржат избори во земјата. Опозицијата и владини претставници преговарат за транзиција на власта. Салех неодамна се врати во Јемен од Саудиска Арабија каде што се лекуваше по нападот врз неговиот претседателски комплеск во јуни годинава.