Протести во Белорусија

Околу илјада демостранти денеска во Минск бараат предвремени парламентарни и претседателски избори во Белорусија. Новинската агенција Асошиетед прес јавува дека полицијата не се вмешала во протестите во главниот град. Протестот доаѓа откако економската состојба во земјaта се влоши и се смета дека е полоша и од периодот по падот на Советскиот Сојуз.