Смртна казна поради грабеж и убиство во Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија денеска 8 луѓе се егзекутирани откако судот ги прогласи за виновни за грабеж и убиство. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во петокот уште двајца осуденици биле егзекутирани. Вкупниот број на луѓе врз кои годинава е извршена смртната казна во Саудиска Арабија е 56. Минатиот месец Амнести интернешнл соопшти дека ситуацијата во земјата со смртните казни е на алармантно ниво, затоа што само во август околу 140 затвореници биле осудени на смртна казна и чекаат да бидат егзекутирани.