Ескплозија во поранешна воена касарна во Данска

При силна експлозија во поранешна воена касарна во јужниот дел на Данска загина еден човек јавуваат данските медиуми. Полицијата во малиот град Андст каде што се случила експлозијата не соопшти повеќе детали истакнувајќи дека се уште се непознати причините за инцидентот. Полицијата соопшти дека ќе бидат евакуирани граѓаните кои живеат во близина на касарната стравувајќи од нови експлозии.