Обама, Саркози,Камерон и Асад му изразија сочуство на Ердоган

Ердоган со мајка му, архивска фотографија

Илјадници луѓе денеска присусутвуваа на погребот на мајката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Ердоган заедно со турскиот претседател Абдула Ѓул помогнале во носењето на ковчегот во погребната поворка, јавува турската новинска агенција Доган. Американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Никола Саркози и сирискиот претседател Башар Ал Асад се дел од светските лидери кои му изразиле сочуство на Ердоган, јавува државната новинска агенција Анадолија.