Кабинетот на Карзаи ги демантира тврдењата на разузнавачката служба

Човекот што е обвинет дека планирал атентат врз авганистанскиот претседател Хамид Карзаи не е негов близок телохранител и немал дозвола за слободно движење низ добро заштитениот претседателски комплекс соопштија од кабинетот на Карзаи. Авганистанската разузнавачка агенција во средата соопшти дека открила заговор за атентат и дека се приведени телохранител и 5 луѓе за кои претпоставуваат дека се поврзани со терористичките организации Хакани и Ал Каеда.Разузнавачките службите ја опишаа групата како „опасна“ и соопштија дека телохранителот кој потекнува од родното место на Карзи во јужниот дел на Авганистан бил инфилтриран во претседателскиот безбедносен систем.
Во соопштението од кабинетот на Карзаи е наведено дека приведениот бил само чувар на главната врата она претседателската палата.