Јеменската опозиција повикува на нови протести

Тавакул Карман

Јеменската опозиција денеска повика на нови протести во главниот град Сана и низ други градови во чест на годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир Тавакул Карман. Од февруари годинава во Јемен се одржуваат протести за окончување на 33-годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех, a Карман една од главните активисти за човекови права во таа земја.