НАТО не треба да се повлекува од Косово

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Карл Ламер денеска од Букурешт изјави дека воената Алијанса треба „добро да размисли за своите планови за повлекување од Косово“.
Зборувајќи на годишната конференција на Парламентарното собрание на НАТО, што се оддржува во Букурешт, Ламер истакна дека „НАТО треба да остане таму уште некое време за да придонесе за стабилизацијата, што е многу важно и за регионот и за НАТО, пренесуваат романските медиуми.
Во воведниот говор Ламер истакна дека е во интерес на НАТО изградбата на мултиетничкото општество, консолидацијата на правната држава, борбата против корупцијата и заздравување на економијата на Косово.