Медведев: сириските лидери да се рефомираат или да заминат

Рускиот Претседател Дмитриј Медевев изјави дека сириското раководство треба да ја напушти власта доколку не е способно да спроведе реформи.
Но, таа одлука е на сирискиот народ и сириското раководство, изјави Претседателот на Русија која заедно со Кина стави вето на резолуцијата на Обединетите Нации за Сирија во која се дозволуваше користење вооружени мерки.
Според проценките на ОН, најмалку 2900 лица се убиени во Сирија од почетокот на востанието во Март против режимот на Башар ал Асад.