Турција го продолжи командувањето на силите на НАТО во Кабул

Кабул

Турција реши за уште една година да го продолжи командувањето на силите на НАТО за поддршка на безбедноста во Кабул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Турција ја презеде командата врз Меѓународните силите за поддршка на безбедноста во Авганистан во областа на Кабул во ноември 2009 година. Турција во Авганистан има 1.800 војници. Тие не учествуваат во воени дејствија, туку само во патролни мисии.