На Белград да не му се постават невозможни услови за ЕУ

Serbia - Belgrade, Serbian Deputy Prime Minister Bozidar Djelic,

Францускиот министер за европски прашања Жан Леонети изјави денеска дека Париз сака влез на Србија во Европската унија и оти со Германија ќе разговараат на Белград да не му се поставуваат невозможни услови.
- Во разговорите заклучивме дека постојат нијанси во нашите и погледите на нашите пријатели Германците, а нашата работа е да напредуваме во преговорите со нив за да не се поставуваат невозможни услови за Србија, изјави Леонети по разговорите со потпретседателот на српската Влада Божидар Ѓелиќ.