Почина Рамиз Алија, поранешен претседател на Албанија

Поранешниот претседател на Албанија, Рамиз Алија.

Во болница во Тирана, на 86-годишна возраст, поради комликации во белите дробови почина поранешниот албански претседател и поранешен генерален секретар на Партијата на трудот на Албанија, Рамиз Алија, јави МИА од Тирана.

Рамиз Алија беше втор човек за време на владеењеето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа и под негова закрила тој напредуваше во кариерата.
Роден е во Скадар во 1925 година, а во комунистичкото движење се вклучил на дваесетгодишна возраст.

По смртта на Хоџа, во 1985 година, сметајќи се за негов наследник стана претседател на Албанија. Тој беше последен комунистички, но и прв претседател на плуралистичка Албанија.

Во 1993 година беше осуден на девет години затвор поради злоупотреба на службената положба, но беше амнестиран по неколку години.