Претседателот Иванов ја продолжува посетата на Романија

Претседателите Ѓорге Иванов и Трајан Басеску

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ја продолжи официјалната посета на Романија. Иванов вчера се сретна со државниот врв на Романија. Премиерот Емил Бок ја повтори поддршката на Романија за евроатланските интеграции на Македонија. Тој изрази задоволство од развојот на политичките односи на 10 годишнината од Договорот за пријателство и соработка, и додаде дека треба да се интензивираат економските и културните односи кои заостануваат зад политичките врски меѓу двете држави.