Ерменија и Азербејџан повторно ги заострија односите

Ерменски војник стражари на границата со Азербејџан.

Односите меѓу Ерменија и Азербејџан се заострија по прекшување на договорот за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно Карабах, при што загинаа тројца војници. Азербејџанското министертво за одбрана за нападот ги обвини ерменските сили дека го прекршиле договорот за прекин на огнот. Слично обвинение упати ерменското министерство до Азербејџан. При вооружената пресметка загинале двајца азербејџански војници и еден ерменски. Во меѓувреме францускиот претседател Никола Саркози ја започна својата посета на регионот Јужен Кавказ, каде од Ермнија ќе продолжи во Азербејџан и Грузија.