Пакистан- помагачот на ЦИА во случајот „Бин Ладен“ е предавник

Осама Бин Ладен

Пакистанските власти соопштија дека докторот што работел на програма за вакцинација и и помогнал на ЦИА да го најде Осама Бин Ладен треба да биде суден за предавство. Пакистанската служба за безбедност го затвори докторот Шакил Африди веднаш по американскиот напад во кој беше убиен Бин Ладен. Службата се чуствува понижена од тајната операција на пакистанска територија и ја истражува американската акција.
Докторот работел на програма за вакцинација во градот Аботебад каде што се криеше лидерот на Ал Каеда и се обидувал да дојде од примерок на ДНК од него.