Пет години од смртта на руската новинарка Политковскаја

Поминаа 5 години од убиството на руската новинарка и критичарка на Кремљ, Ана Политковскаја.Таа пишуваше за весникот „Новаја газета“, кога беше застрелана во Москва на 7 октомври 2006.

Нејзината смрт се совпадна со роденденот на тогашниот претседател и актуелниот премиер Владимир Путин, кој по смртта на Политковскаја, рече дека нејзината работа била „безначајна“ во
Русија.

Пет години по смртта на Политковскаја, која беше позната по нејзините критики за руската корупцијата, војната во Чеченија
и критиките на властите , нејзиниот случај се уште не е завршен.
Властите неодамна обвинија поранешен висок полициски офицер дека помагал во организирање на убиството, но се уште
останува нејасно кој го наредил убиството.

Во соопштението од Амнести интернешнл , објавено по повод годишнината од смртта на Политковскаја, се наведува дека е направен мал напредок за зголемување на безбедноста на новинарите и на бранителите на човековите права, кои се осмелуваат да ги „предизвикаат“ властите во Русија.