Јанукович бара од ЕУ визно олеснување за Украинците

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска во Атина изјави дека Европската Унија треба да го олесни пристапот до туристички визи за Украинците и бизнис соработката со државите членки на Унијата. Јанукович по средбата со грчкиот претседател истакна дека Украина сака да го финализира договорот за проширување на зоната за трговија. Тој додаде дека очекува за 10 години неговата земја да им се приклучи на 27-те членките на Унијата. ЕУ во изминативе неколку месеци често ја критикуваа украинската влада за судскиот процес против поранешната премиерка Јулија Тимошенко.