Осудени на доживотна за тероризам во Казахстан

Регионален суд во Казахстан денеска осуди четворица осомничени за тероризам. Двајца од обвинтитет добиле доживотна казна затвор додека другите двајца биле осудени на 14 годишна казна затвор. Обвинетите биле дел од група која била вмештана во престрелката со безбедносните сили на почетокот на јули, при што загина еден полицаец.