Средба Иванов - Басеску во Букурешт

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој престојува во официјална посета на Романија, претпладнево беше пречекан во Букурешт од неговиот домаќин, романскиот претседател Трајан Басеску. По средбата на двајцата претседатели, ќе бидат потпишани два билатерални договора од областа на научната, економската и техничката соработка и од областа на туризмот. Од македонска страна, како што е најавено, договорите ќе ги потпише министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак. Претседателот Иванов во текот на денешниот ден ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот Мирчеа Џоана и романскиот премиер Емил Бок.