Пет години затвор за новинар на РСЕ во Туркменистан

Ашкабат.

Дописникот на Радио Слободна Европа од Туркменистан, Довлетмират Јазкулијев, е осуден на 5 години затвор од судот во Ашкабат, под обвинение дека охрабрил негов роднина да изврши обид за самоубиство. Неговото семејство смета дека Јазкулијев е осуден поради неговата новинарска работа.

Претседателот на Радио Слободна Европа, Стив Корн, оцени дека новинарот е осуден во монтиран процес и ја повика меѓународната заедница да ги осуди туркменистанските власти.

Против пресудата се огласи и Репортери без граници, кои ги оценија обвинувањата против новинарот како апсурдни.

Јазкулијев е еден од првите новинари во Туркменистан што извести за големата експлозија во склад за оружје во Абадан близу до главниот град Ашкабат во јули годинава. Властите се уште велат дека тоа бил незначителен инцидент.