Дилери на дрога обесени во Иран

Иран денеска соопшти дека тројца дилери на дрога се обесени денеска во јужниот град Керман. Државната новинска агенција јавува дека тие биле осудени поради продажба на хероин. Според информациите на новинската агенција Франс Пресс дека во изминатава година вкупно 218 луѓе се егзекутирани во Иран.