Меркел не ја отфрла можноста за рекапитализација на банките

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел изјави дека не ја отфрла можноста за рекапитализација на банките во еврозоната. Таа денеска се сретна со претставници на Европската Унија за да разговара за начините за надминување на должничката криза во еврозоната. Коментарите на Меркел следуваат откако директорот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд Антонио Борхес изјави дека се подготвуваат планови за обнова на капиталот во банките.