Осуден новинарот на РСЕ во Туркменистан

Судот во Туркменистан го осуди новинарот на Радио Слободна Европа Довиетмурат Јажкулиев на 5 години казна затвор поради обвинение дека охрабрувал роднина да се самоубие. Претходно денеска меѓународната организација „ Новинари без граници“изрази голема загриженост за, како што го нарекоа, „лажното судење “ против новинарот на Радио Слободна Европа во Туркменистан.. Тие сметаа дека е јасно оти со апсурдното обвинение новинарот е казнет за неговото истражувачко новинарство. Тој еден од првите новинари во Туркменистан што известуваше за експлозиите во депото каде што се чува оружје во Абадан што се наоѓа во близина на Ашхабат. Властите за настанот кој се случи во јули го оценија како помал инцидент.