Арифи: Судството и администрацијата повторно во забелешките од Извештајот

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија ќе биде сличен на минатогодишниот и ќе содржи препорака за старт на преговорите, ќе ги нотира постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок. Ова го изјави денеска вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи. Таа додаде дека очекува забелешки во делот на реформите во судството и администрацијата, како и во имплементацијата на донесените закони. Арифи истакна дека откако ќе заврши политичката дебата во која секој различно ќе го чита Извештајот, ќе треба да се изготви нов интензивен план за реализација на препораките.