Ахмадинеџад ја критикува Турција

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад упати критики до Турција поради тоа што дозволила разместување радарска станица на нејзина територија како дел од противракетниот систем на НАТО. Ахмадинеџад изрази уверување дека системот бил наменет за заштита на Израел и оти им пренесол на пријателите во Турција дека тоа не било исправно. Соединеите држави најавија дека радарот ќе биде разместен до крајот на годинава.