Премиерот Груевски во посета на Италија

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на Рим, каде што ќе се сретне со неговиот италијански колега Силвио Берлускони. Теми на разговорите, како што стои во соопштението од владата, ќе бидат евроинтеграцијата, реформите и можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Италија е петти најголем надворешно-трговски партнер на Македонија во последните пет години. Размената на годишно ниво се движи околу 500 милиони долари. Италијанските инвестиции во Македонија изнесуваат 55 милиони евра.
Премиерот Груевски за време на посетата на Италија е придружуван од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на претседателот на Владата.