Шефот на ЕУЛЕКС во посета на Албанија

Ксавиер де Марњак

Шефот на Mисијата на ЕУ во Косово- ЕУЛЕКС, Ксавиер де Марњак денеска ќе престојува во посета на Тирана на покана на шефот на албанската дипломатија Едмонд Хаџинасто. Во соопштението на албанското Министерство за надворешни работи се наведува дека покрај со Хаџинасто, Марњак ќе има средба и со министерот за внатрешни работи на Албанија, Бујар Нишани, на која ќе биде потпишан договор за соработка меѓу полициските сили на ЕУЛЕКС и албанската полиција.