Советот на Европа бара одговор од Тадиќ за Парадата

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд побара денеска од српскиот претседател Борис Тадиќ да му го соопшти причините за забраната за одржување на Парадата на Гордоста. Во писмото до Тадиќ е наведено дека секретарот бара одговор зошто е одложена парадата и што прави српскта власт за да го загарантира правото на слободен собир на јавен простор. Во петокот српските власти ја забранија геј парадата, што беше закажана за в недела во Белград, поради како што велат, безбедносни причини. Српските органи за безбедност, на вонредниот состанок, оцениле дека постои опасност екстремни групи да предизвикаат насилства и нереди низ градот, па затоа било решено да бидат забранети сите јавни собири во Белград во текот на престојниот викенд.