Црвен Крст: Здравствената заштита во Авгнистан ниско ниво

Меѓународната организација Црвен Крст соопшти дека влошената безбедносна ситуација во Авганистан го попречува пристапот до медицинска нега , која во одредени делови од земјата достигна исклучително ниско ниво. Во соопштението е наведено дека ситуацијата е „алармантна“ и пристапот до здравставената заштита е на критично ниско ниво особено во делови каде што се најпогодени од конфликтите. Во неодамнешниот извештај на Обединетите Нации е наведено дека за речиси 40 отсто е зголемен бројот на судири и напади во земјата во однос на лани.