Одложена одлуката за Грција - пад на еврото

Шефот на еврозоната Жан -Клод Јункер.

Министрите за финансии на Еврозоната ја одложија одлуката за следната транша од спасувачкиот пакет за Грција додека продолжува инспекцијата врз финансиите на земјата

Во Брисел, шефот на министрите за финансии на земјите од еврозоната Жан-Клод Јункер изјави дека се испитува дали Грција сторила доволно за да ги добие 8-те милијарди евра од следната транша. Грција, пак, соопшти дека, без таа помош, од средината на октомври не ќе може да си ги плати сметките.

Загриженоста за Грција предизвика нов пад на еврото кон американскиот долар на ниво од 1.32. Истовремено, американските берзи синоќа на затворањето го достигнаа најниското ниво за изминативе 12 месеци. Во Атина, пак, денеска работниците од јавниот сектор го блокираа влезот пред неколку министерства поради мерките за штедење.