Нобеловиот комитет ќе ја објави наградата за физика

Sweden -- A graphic displayed at the Nobel Assembly at the Karolinska Institute shows three Nobel Prize winners, Stockholm, 03Oct2011

Денеска Нобеловиот Комитет ќе го објави добитникот на наградата за физика.
Вчера беше објавена Нобеловата награда за медицина на тројца научници чии откритија за имунитетниот систем ќе помогнат за третманот и превензицијата на инфекциите и ракот.
Еден од нив е Ралф Штаинман кој починал на 30 септември.
Нобеловиот Комитет, кој не доделува награди постхумно, соопшти дека одлуката останува непроменета.
Наградата изнесува 1,46 милиони долари.