Советот за Безбедност треба да гласа за Резолуција за Сирија

Дипломатите изјавија дека европските земји денеска ќе побараат да се гласа во Советот за Безбедност на Обединетите нации за драфт Резолуција која ќе претставува закана за Сирискиот режим и ќе вклучува мерки доколку владата веднаш не ги прекине своите активности против цивилите што протестираат.Агенциите јавија дека останува нејасно дали Русија ќе се спротивстави со вето на резолуцијата. Според дипломатите САД ќе ја подржат драфт резолуцијата. Над 2,700 цивили беа убиени во акцијата на сириската влада во средината на март.