Над 3 илјади луѓе приведени во Сирија

Активисти за човекови права во Сирија тврдат дека безбедносните сили привеле над 3 илјади луѓе во последниве три дена по жестоките битки во градот Растан каде што неодамна ја преземаа целосно контролата. Тие соопштија дека битките во градот престана во петокот, но за време на битките биле убиени десетици луѓе. Судирите во Растан беа нажестоки во досегашните неколкумесечни борби и протести против режимот на претседателот Башар Ал Асад. Сириските државни медиуми јавуваат дека војниците ја преземаа контролата во Растан по „ловот на вооружените терористи кои се кријат во градот“