Почна судскиот процес против Абрамович

Роман Абрамович и Борис Березовски денеска се појавија во судот во Лондон на првиот ден од судењето против руските олигарси.Березовски го тужи Абрамович за прекршување на договор и доверба. Тој тврди дека Абрамович му се заканувал за да му ги продаде акциите од руската нафтена фирма „Сибнефт“ или ќе ја намали нејзината вредност на пазарот. Абрамович ги негираше тие тврдења. Абрамович во 2005-тата година ја продал нафтената компанија на руската Гаспром.