Нобеловиот комитет не дава награда постхумно, но не го менува ни изборот

Канадскиот научник Ралф Штаинмен

Нобеловиот комитет соопшти дека правилата не дозволуваат нобеловата награда да биде доделена постхумно, и дека Комитетот стои цврсто на својот избор, односно дека нема да именува нов победник. Нобеловиот комитет денеска го прогласи канадскиот научник Ралф Штаинмен за добитник на Нобелова награда за медицина, но тој починал пред три дена. Комитетот соопшти не знаеле за смртта на научникот кога ја донеле одлуката.
Инаку, покрај Штаинмен, годинашни добитници на Нобеловата награда за медицина се и Брус Битлер од Соединетите Држави и Џулс Хофман од Луксембург, соопштено денеска во Стокхолм за продонесот во разбирањето на имунитетниот систем, односно за откривањето на неговите клучни принципи.