Бесими на министерски состанок во Анталија

Министерот за одбрана на Фатмир Бесими во рамки на министерскиот состанок на што се одржува во Анталија, се сретна со заменик помошникот државен секретар на САД Селесте Валандер и со министрите за одбрана на Грција, Србија, Турција и Црна Гора .Во соопштението од министерстворо за одбрана е наведено дека Валандер и Бесими разговарале за регионалната соработка во рамки на СЕДМ иницијативата, како и поддршката на САД за македонските евроатлански интеграции и значењето на решавање на прашањето на името со цел за полноправно членство на Македонија во НАТО.
Во продолжение на соопштението се вели дека Бесими на средбата со неговиот грчки колега Панајотис Беглитис, истакнал дека Бесими Македонија е определена да гради добрососедски односи со сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Грција како и потребата за јакнење на билатералната соработка помеѓу двете земји.