Русија бара расправа за Косово и БиХ во Парламентарното собрание на СЕ

Шефот на руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Константин Косачов, денеска изјави дека ќе се одржат вонредни состаноци за ситуацијата во Косово, но и на Балканот во целина. Тој додаде дека причини за тоа се тензиите во Косово и политичката криза во Босна и Херцеговина.Есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна денеска и ќе трае до 7 октомври