Ирачката полиција се справува со заложничка драма во владина зграда

Ирачките безбедносни сили упаднаа во владината зграда во градот Ал Багдади каде што вооружени напаѓачи два часа држеа заложници.Според првичните инфомации неколку луѓе загинале, но не е јасно дали загинале за време нападот или биле претходно убиени. При упадот на вооружените напаѓачи биле забележани две експлозии за кои полицијата претпоставува дека ги предизвикале бомбаши самоубијци. Се уште нема инфомации каков е исходот од инцидентот.