Ердоган не исклучува можност за преговори со Курдите

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не ја исклучува можноста за обновување на преговорите со бунтовниците од Курдската работничка партија . Тој потврди дека минатата година биле водени тајни преговори со Курдите, но тие биле прекинати по интезивирањето на нападите од милитантите изминативе неколку месеци. Турските медиуми јавуваат дека информацијата за преговорите предизвикала шок во јавноста поради досегашното негирање на турската влада за какви било преговори со курдските бунтовници. Од средината на јуни над 120 лица се убиени во судири и напади на курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција