Сопругата на политички затвореник бара спас од Русија

Сопругата на поранешниот претседателски кандидат во Белорусија, Андреј Саникау побара од Русија да интервенира во случајот. Таа во отворено писмо што го објави опозициски весник побара од сопругите на рускиот претседател Дмитри Медведев и премиер Владимир Путин да се заложат за случајот на незјининот сопруг. Саникау беше уапсен и осуден на 5 годишна казна затвор по минатогодишните протести по претседателските избори за наводно организирање на истите.