Соопштени добитниците на Нобеловата награда за медицина

Брус Битлер од Соединетите Држави, Џулс Хофман од Луксембург и Ралф Штаинмен од Канада се годинашните добитници на Нобеловата награда за медицина, е соопштено денеска во Стокхолм. Наградата им се доделува за продонесот во разбирањето на имунитетниот систем, односно за откривањето на неговите клучни принципи.