Запалена џамија во едно село во Израел

Една џамија во арапско село во северен Израел била запалена во текот на изминатата ноќ, веројатно од еврејски екстремисти. Разгневените арапи, жители на селото, денеска го блокирале главниот пат со запалени гуми и ги нападнале со камења полицајците, кои пак со солзавец се обиделе да ги растераат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го осуди овој инцидент, оценувајки дека таквите испади се неприфатливи во Израел.