11 загинати во поплавите во Виетнам

Владата на Виетнам соопшти дека најмалку 11 луѓе настрадале во поплавите последнава недела, кои се најголеми во последните 10 години. Поради монсуните, поплавите, тајфуните и бурите, стотици луѓе ги загубија животитево југо-источна Азија, Кина, Јапонија и јужна Азија.