Кацин: Забраната на Парадата е политичка одлика која може да има последици

Известувачот за Србија во Европскиот парламент Јелко Кацин денеска во Белград изјави дека забраната да се оддржи Парадата на Гордоста е политичка одлука која ќе влијае врз ставовите на земјите членки на Унијата кои треба да решат дали Србија ќе добие статус кандидат за членство во Европската Унија.
Тој додаде дека и понатаму ќе ги поддржува евроинтергациите на земјата но потребно е Белград да оствари напредок во прифаќање на сите европски стандарди.
Кацин истакна дека бил изнанеден од веста дека за парадата заседавал Националниот совет за безбедност затоа што како што вели во ниту една европска земја такво тело не заседава за ваква манифестација.